МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ Приведен е 35-годишен кавадарчанец

Заканите биле упатени во угостителски објект. 

677

Приведен е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА.

„Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, гласи официјалната информација од СВР Велес.






Заканите биле упатени во угостителски објект. 

Поврзани содржини