МУ СЕ ЗАКАНИЛ НА ЧУВАРОТ И ОДЗЕЛ АЛАТ ВРЕДЕН 6.000 ЕВРА Предложен е притвор за скопјанец
МВР соопшти дека осомничениот 29-годишник влегол во магацинот на 12 октомври 2024 година со умисла да украде разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вредност од 363.000 денари.
Скопјанец е осомничен дека извршил тешка кражба во објект на булеварот Борис Трајковски одземајќи алат вреден 6.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети“, се наведува во полицискиот билтен.
МВР соопшти дека осомничениот 29-годишник влегол во магацинот на 12 октомври 2024 година со умисла да украде разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вредност од 363.000 денари.
„Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оценил дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор“, се додава во билтенот.