МУ ПОДАРИ ШТЕДНА КНИШКА И ИГРАЧКИ Арсовска го посети Јаков, првороденото бебе во 2025 година
Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, напиша градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе Јаков, кое се роди неколку секунди по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
„На мајката, за која ова е прво дете, иза бебето Јаков во Новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и со пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, напиша Арсовска во објава на Фејсбук.
Првороденото бебе во Скопје го посетија и министерот за здравство Арбен Таравари и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски.