МУ ПЛАЌАЛЕ ДА ИМ ФАЌА ВРСКИ Битолчанец мамел сограѓани

Како што е пријавено, граѓаните му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците.

399

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, денеска, извршиле службен разговор со В.М.(46) од Битола, кој се сомничи дека во повеќе наврати на неколку лица им ветувал дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест.

Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците. Тој ги признал делата и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.

Поврзани содржини