МУ НАШЛЕ ПИШТОЛ, ВАГА И УРЕД ЗА ЕЛЕКТРОШОКОВИ Уапсен 26-годишник од кумановско Војник
Од МВР дополнуваат дека пронајдените предмети се одземени и испратени на вештачење, а истрагата продолжува за да се утврди потеклото на оружјето и можната поврзаност со други кривични дела.
Полицијата пронашла пиштол „Застава“ калибар 6.35 милиметри, дигитална вага и уред за електрошокови при претрес во викендица во село Војник, општина Старо Нагоричане.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека претресот бил извршен на 16 јануари 2026 година во 14 часот, по судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Куманово. Објектот е во сопственост на К.Б. (26) од Куманово, кој бил лишен од слобода.
Од МВР дополнуваат дека пронајдените предмети се одземени и испратени на вештачење, а истрагата продолжува за да се утврди потеклото на оружјето и можната поврзаност со други кривични дела. Потоа следува кривична пријава.