МУ ГИ КИНЕЛЕ УЧЕБНИЦИТЕ, ТЕТРАТКИТЕ, ПА ДУРИ И ГАЌИТЕ! Одличен ученик изложен на тежок булинг во училиштето во Градско

Родителот на детето го пријавил случајот, но е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не му помогнал на малолетното дете да ги надмине траумите што ги претрпело.

4,015

Ученик во деветто одделение во ООУ„Даме Груев“ во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пишува порталот Дума.мк.

– Моето 14 ипол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ  прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам – раскажува родителот на малтретираното дете, кое поради тоа веќе три недели не оди на настава.






Родителот го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес, Тој е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.

Поврзани содржини