МУ ДОЗВОЛИВТЕ НА ПУТИН ПАРАДА НА 2 ЧАСА Руте се исмеа со Москва по нападот врз Санкт Петербург
Украинските сили тврдат дека погодиле руска корвета во базата Кронштат кај Санкт Петербург. Генералниот секретар на НАТО оцени дека Кремљ покажува сè поголема ранливост и се пошегува со рускиот претседател.
„Украина сега е толку успешна што Путин можеше да организира парада на 9 мај само затоа што му дозволивте да трае 2 часа“.
Вака изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Киев обраќајќи му се на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Шегата дојде по серијата украински удари длабоко на руска територија.
Украинските сили за беспилотни системи и Службата за безбедност на Украина соопштија дека во ноќта меѓу 2 и 3 јуни ја погодиле корветата „Бојки“ од Балтичката флота во поморската база Кронштат.
Според украинската страна, нападот бил дел од истата операција во која беше погоден и нафтен терминал во Санкт Петербург за време на економскиот форум што се одржува во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека му дозволивте да го стори тоа два часа. И заврши за час и 55 минути, па затоа не ризикуваше ништо“, наведе Руте осврнувајќи се на воената парада што Москва ја организираше на 9 мај.
Шегата на Руте се однесува на фактот што на парадата оваа година за првпат немаше текови, ракети и друга тешка воена техника.
🇺🇦🇷🇺 Believe it or not, Rutte says Zelensky allowed Putin to hold Victory Day parade in Moscow
“And I think for two hours you allowed him to do it, and
it then ended in one hour fifty-five minutes, so he didn’t take a risk” https://t.co/QyVm6TWOlE pic.twitter.com/If3UvKztID— Lord Bebo (@MyLordBebo) June 3, 2026
Родниот град на Путин под удар
Украинскиот напад со дронови врз Кронштат и Санкт Петербург има и силна симболика. Санкт Петербург е родниот град на Владимир Путин и често се смета за негово политичко упориште.
Црн чад се издигна над делови од градот токму кога почнуваше економскиот форум на кој присуствуваат илјадници гости од десетици држави.
Украинскиот напад го засени отворањето на она што некои го нарекуваат „рускиот Давос“.
Кривји Рих често беше цел
Киев ги претставува ваквите операции како одговор на руските напади врз украинските градови и инфраструктура.
Русија во текот на војната повеќепати го ракетираше Кривји Рих, родниот град на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Рубио зборува за катастрофа
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека руската инвазија врз Украина претставува стратешка катастрофа.
– Мислам дека во овој момент нема сомнение дека инвазијата на Украина беше стратешка катастрофа за нив – изјави Рубио.
Тој додаде дека Москва нема да ги постигне целите што ги поставила на почетокот од војната.