МУ ДАЛ 1.000 ДЕНАРИ ЗА ДА ГЛАСА Кандидат за советник е под истрага во Делчево
Основното јавно обвинителство во Делчево прибира докази за настанот кој се случил вчера во штабот на политичка партија во Македонска Каменица.
Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандидат за советник дал 1.000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија, јавува МИА.
Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.