МУ ЈА ЗАПЛЕНИЛЕ ВОЗДУШНАТА ПУШКА СОСЕ ДИЈАБОЛИТЕ Жител на село Моштица задржан во полициска станица
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.03.2023 полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода И.Г.(30) во с.Моштица, општина Македонска Каменица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи.