МУ ЈА УДРИЛА КОЛАТА, МУ ГИ ИСЕКЛА ГУМИТЕ И ГО НАПАДНАЛА Љубовна драма во Карпош, полицијата го истражува случајот
Инцидентот се случил на подрачјето на Карпош, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Во скопски Карпош љубовна расправија завршила со сообраќаен инцидент и физички напад. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека неговата партнерка со своето возило удрила во неговиот автомобил, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала.
Инцидентот се случил на вчера околу 19 часот, а пријавата во полицијата била поднесена неколку часа подоцна, во раните утрински часови на 17 октомври.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека случајот е пријавен и дека се работи на негово целосно расчистување.
– Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот – изјавија од МВР за медиумите.