МУ ЈА ПОЛИЛ ВЛЕЗНАТА ВРАТА СО БЕНЗИН И ЈА ЗАПАЛИЛ Уапсен е 38-годишен маж од Пробиштип за подметнување на пожар

По извршениот увид на местото на несреќата, полицијата го приведе Ј.Ј. кој е обвинет за подметнување пожар.

463

Вчера околу 11:45 часот во Пробиштип, полицијата го уапсила 38-годишниот Ј.Ј од Пробиштип. Мажот е осомничен за подметнување пожар во станбен блок во градот.

Според првичните податоци, на 3 септември околу 5:30 часот наутро Ј.Ј. истурил запалива течност на влезната врата од станот на 46-годишниот Н.В. и предмети пред неа, кои потоа ги запалил. За среќа, сопственикот успеал брзо пожарот да го стави под контрола и нема повредени.






По извршениот увид на местото на несреќата, полицијата го приведе Ј.Ј. кој е обвинет за подметнување пожар.

Поврзани содржини