СКОПЈАНЕЦ ШЕТАЛ СО СЕМКИ ОД КАНАБИС – На 24.09.2020 во 18.15 часот на ул.„Христо Смирненски“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Г.Ј.(39) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, шприцеви и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ДРАЧЕВЕЦ ФАТЕН СО МАРИХУАНА – На 24.09.2020 во 21.50 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(19) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПРИВЕДЕН ЗА МАРИХУАНА – На 24.09.2020 во 21.50 часот на ул.„Пушкинова“ во Скопје, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода А.Ј.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ОД ПЕТРОВЕЦ – На 24.09.2020 околу 9 часот на скопската oбиколница, кај клучка Смилковци, товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(59) од с.Петровец, скопско, удрило во пешак Д.М.(59) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
ТИНЕЈЏЕР КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 24.09.2020 во 18 часот во Полициска станица Аеродром, В.П.А.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ нејзиниот 17-годишен син бил каснат од куче скитник.
КАЈ МАВРОВЕЦ НАЈДЕНИ ДРОГА И ПАТРОНИ – На 24.09.2020 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Д.Д.(39), во Маврово. При претресот биле пронајдени бела прашкаста материја и четири патрони за ловечка пушка, калибар 16 милиметри. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Д.Д. ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 24.09.2020 околу 9 часот, било пријавено дека на патот Прилеп – Маркова Чешма, кај место викано „Поводеници“, К.А.(78) од Прилеп, додека управувал велосипед, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, каде бил префрлен за укажување на лекарска помош.
ДРВОКРАДЦИ ПРЕТЕПАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ – На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје,а четворица полициски службеници се здобиле со повреди. Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОСУМ МИГРАНТИ НАЈДЕНИ ВО КАМИОН ОД БиХ – На 24.09.2020 во 10.30 часот во Царинска испостава „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Табановце, по пријава на М.Б.(53) од Р.Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото. Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано. За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИС, ТАКОТО И СИНОВИТЕ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ – На 24.09.2020 во 22.5 часот на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ и помошна улица во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(20) од с.Инџиково, скопско. По незгодата, Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т.(19) од истото село биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Д.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Г. телесни повреди. На 25.09.2020 половина час по полноќ, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата, и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ЕДЕН ПОЧИНАТ И ЕДЕН ПОВРЕДЕН РАБОТНИК ВО КУМАНОВО – На 24.09.2020 во СВР Куманово било пријавено дека околу 9 часот, во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово. Ч.С. од здобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово. Р.И.(27) бил пренесен во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.