Мрзлива диета: Со овој пијалак ќе слабеете без физичка активност

713

Пробајте го овој пијалак, кој е вкусен, лесен за подготовка, а го забрзува метаболизмот и помага да се ослободите од вишокот килограми додека удобно седите во вашата фотелја. Но, тоа не значи дека можете да јадете сè и сешто. Секако дека е потребно да се внимава и на исхраната, и да се применува физичка активност, но ако сте мрзливи, ова може да ви помогне.

Потребни состојки:






– 2 лажици мед

-1 лажица цимет

– 250 мл вода

Подготовка:

Препорачаните количини може и да се менуваат, но важно е секогаш да користите две мерки мед и една мерка цимет. Подгответе онолку колку што ви е потребно.

Зовријте ја водата. Сипете го циметто во топлата вода. Покријте го садот и оставете го да стои додека не се излади до температура на која е можно да се консумира пијалакот.

Додадете мед дури кога напитокот ќе се излади. Никогаш немојте да ставете мед во врела вода, бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи состојки на медот.

Пијте половина од пијалакот пред спиење. Другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро, но без претходно загревање.

Запамтете: Овој рецепт дејствува само кога се консумира на празен стомак.

 

 

Поврзани содржини