Мртва трка меѓу партиите, на овој линк следете ги резултатите од ДИК

1,802

Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од парламентарните избори на својот канал на Јутјуб.

На овој линк може да се следат резултатите кои се менуваат од минута во минута.






Според првите официјални резултати, Коалицијата „Можеме“ има 36,78%, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ 35,77%, ДУИ 10,3%, Алијанса за Албанците 8,13%, Левица 4, 13%.

– Се извинувам на јавноста поради тоа што имаме проблем во јавниот пренос на податоците, обработката на податоците течеше цело време. Имавме проблеми со јавната објава на податоците. Сега имате можност да ги следите податоците, се надевам дека до крајот на вечерва ќе се средат. Ако се оспособат серверите и сајтот ќе биде наскоро достапен. Се работи за обид за надворешен напад. Додека не се потврди тоа, не би шпекулирал со други информации. Ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Ќе имаме информација на време за резултатите. Обработени се околу 70 отсто од избирачките места. Се води мртва трка меѓу политичките конкуренти. До крајот на вечерта ќе имаме првични неофицијални резултати – рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

 

Поврзани содржини