МРТОВ СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН КАЈ „ВИДИКОВЕЦ“ Телото најдено во летниковец на Водно
64-годишен скопјанец, кој претходно бил пријавен за исчезнат, е пронајден починат во летниковец на Средно Водно, телото е дадено на обдукција.
Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено синоќа во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат.
Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот.
На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.