МРТОВ МАЖ ВО НАПУШТЕНА КУЌА ВО ЦЕНТАР Телото на 25-годишникот дадено на обдукција
Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
Маж на возраст од 25 години, со иницијали Е.Р. од Скопје, бил пронајден мртов во напуштена куќа на подрачјето на општина Центар, соопшти полицијата во денешниот билтен.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12 декември, околу 00:20 часот. Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
Обдукцијата треба да открие повеќе детали за случајот.