mRNA ВАКЦИНИТЕ УСПЕШНИ „Модерна“ тестира вакцина за ХИВ

Вакцината на „Модерна“ ќе биде првата вакцина за ХИВ некогаш испробана врз човек. Проектот е заедничка соработка на „Модерна“ со Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА.

1,014

Вакцините за коронавирус даваат одлични резултати, а по сè изгледа нивниот метод на користење на mRNA може да се користи за добивање и на првата вакцина за неизлечивата СИДА. Таква експериментална вакцина наречена „mRNA-1644“ ќе тестира фирмата „Модерна“ врз 56 доброволци, јавува КлиникалТрајлсАрена.

„Покажавме дека нашата вакцина базирана на mRNA може да го спречи ковид-19. Ова нè охрабри да продолжиме со поамбициозни програми за развој во рамките на нашите профилактички вакцини. Денес објавуваме три нови програми за вакцини кои се однесуваат на сезонскиот грип, ХИВ и вирусот Нипа, од кои некои ги избегнаа традиционалните напори за вакцинирање, а за сите ние веруваме дека може да се решат со нашата технологија за mRNA“.






Вака за медиумите ја опиша работата на „Модерна“ извршниот директор Стефан Бансел, уште во јануари кога почнале да ја развиваат вакцината, а од вчера фирмата почна со тестирањата.

Технологијата mRNA e релативно нова и освен кај „Модерна“, се користи и кај вакцините на „Фајзер/Бионтек“, со што овие две фирми се единствени лиценцирани фирми за правење ваков тип вакцини во моментов.

Вакцината на „Модерна“ ќе биде првата вакцина за ХИВ некогаш испробана врз човек. Проектот е заедничка соработка на „Модерна“ со Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА.

Поврзани содржини