Можен е нов пик во јануари, предупредуваат лекарите
Координаторот на ковид центрите во интерните клиники смета дека засега има доволно слободни места, но според него, се зависи од однесувањето на граѓаните.
Во јануари е можен нов бран на ковид-19, затоа што поради празниците има гужви низ моловите, по маркетите и на граничните премини.
Од зголемување на бројот на заразени стравуваат и лекарите, но велат нема да биде со ист интензитет како есенскиот пик кога се бараше кревет повеќе за хоспитализација на болните. Координаторот на ковид центрите во интерните клиники смета дека засега има доволно слободни места, но според него, се зависи од однесувањето на граѓаните.
– Може да има зголемување на бројот, да биде од некој интензитет, но имаме 100 кревети и од моето досегашно искуство нема толку да биде силен за сите да бидат пополнети. Секако, има капациетет со 50 кревети и на хируршките клиники доколку дојде до потреба од тоа, вели за „Сител“ проф. Др. Дејан Докиќ директор на Клиника за Пулмологија.