МОЖЕМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ И ДО 130 ГОДИНИ Нова студија открива кои ни се шансите после преживеана 100-ка

Што анализирале научниците? Студијата ги зема податоците за „супер-стогодишници“, односно луѓе на возраст од 110 години и повеќе, и „полу-супер-стогодишници“, на возраст од 105 години или постари. Иако ризикот од смрт генерално се зголемува во текот на нашиот живот, анализите на истражувачите покажуваат дека ризикот останува константен во еден момент, приближно 50-50.

452

Колку најмногу можеме да живееме? Дебатите меѓу научниците се сведуваат на период од 130 до 150 години, а во овој 21 век сè повеќе луѓе ќе ја доживеат својата 100-ка, пренесува Јутарни. За повеќе и од оваа возраст, луѓето ќе треба да го продолжуваат животот со помош на иновативна технологија, а најстарите жители на планетата досега биле Жана Калмент од Франција со 122 години и Кане Танака од Јапонија, кој уште е жив на 118 години.

Студија на АФП пак вели дека теоретски секој од нас може да ја доживее и својата 130-та, но шансите да се достигне таква супер возраст се сè уште занемарливо мали, пренесува АФП. Теоретски, затоа што ако цела една генерација може да доживее 100 години, заради подобрената технологија и услови за живот, шансите еден човек во милион да доживее 130 години се зголемуваат.






Што анализирале научниците? Студијата ги зема податоците за „супер-стогодишници“, односно луѓе на возраст од 110 години и повеќе, и „полу-супер-стогодишници“, на возраст од 105 години или постари. Иако ризикот од смрт генерално се зголемува во текот на нашиот живот, анализите на истражувачите покажуваат дека ризикот останува константен во еден момент, приближно 50-50.

– По 110 години, животот секоја наредна година речиси може да се гледа како фрлање пари – вели Ентони Дејвисон, професор по статистика на швајцарскиот Федерален институт за технологија во Лозана (ЕПФЛ), кој го водеше истражувањето.

– Ако паричката ви падне на глава, тогаш ќе го доживеете следниот роденден, а ако не, тогаш ќе починете следната година – објасни тој илустративно.

Првиот сет на податоци што тимот ги проучувал биле неодамна објавен материјал од Меѓународната база на податоци за долговечност, кој опфаќа повеќе од 1.100 „супер-стогодишници“ од 13 земји. Вториот е од Италија за секое лице кое имало најмалку 105 години помеѓу јануари 2009 и декември 2015 година.

Поврзани содржини