МОЖЕМЕ ДА ЈА ПОБЕДИМЕ ГРУЗИЈА Македонската репрезентација се подготвува за завршните натпревари во Скопје
Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентрирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренинзите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех, изјави Ристовски.
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два завршни натпревари во Скопје во рамки на јунскиот циклус во Ц-дивизијата во Лигата на нации.
По воведното реми (1-1) против Бугарија во Разград и триумфот (2-0) на гостински терен над Гибралтар, избраниците на селекторот Благоја Милевски в четврток ја пречекуваат Грузија, а в недела ги очекува реваншот против Гибралтар.
Напаѓачот Милан Ристовски оптимистички го очекува дуелот со Грузија, истакнувајќи, притоа, дека важен фактор ќе биде заедништвото и тимскиот дух.
– Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентрирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренинзите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех – изјави Ристовски.