МОЖЕЛО! Подновени тоалетите на гробиштата Бутел, фалат уште врати (ФОТО)

Тоалетите се санирани, ставени се плочки, корпи за отпадоци, вода е пуштена, сѐ беше чисто. На фотографиите можете да ја видите разликата, напиша Анета Пешева, почесен конзул на Канада во земјава, која пред неколку дена објави фотографии кои сведочеа за негрижата кон хигиената од страна на оваа компанија.

661

Јавното вперување со прст за катастрофалната состојба на тоалетите на гробиштата Бутел вроди со плод. По објавувањето на фотографиите, Управата на Градските гробишта Бутел сменила плочки и санитарии, пуштила вода, а недостасуваат само уште врати да се стават за да може да функционираат тоалетите.

Денес на покана од Управата на Градските гробишта Бутел отидов да ги посетам тоалетите, за кои пишував пред десетина дена. Навистина бев изненадена од состојбата која за многу кратко време е променета. Тоалетите се санирани, ставени се плочки, корпи за отпадоци, вода е пуштена, сѐ беше чисто. На фотографиите можете да ја видите разликата – напиша Анета Пешева, почесен конзул на Канада во земјава, која пред неколку дена објави фотографии кои сведочеа за негрижата кон хигиената од страна на оваа компанија.

Вака изгледаа тоалетите до пред некој ден






– Во Македонија многу работи ни недостасуваат, но да пробаме да ги промениме основните работи за кои не ни треба ниту многу пари, ниту странски експерти. Да почнеме со санација на јавните тоалети во институциите, училиштата, а и во приватните објекти каде што е потребно – порача Пешева.

Сега останува на одговорноста на Управата на градските гробишта да ги одржуваат тоалетите чисти и во функција, а не повторно да ги запуштат.


Вака изгледаат денеска

Поврзани содржини