МОЖЕЛО ДА СЕ РУШИ КОГА СЕ САКА Видео од облакодерите во Индија ги освои социјалните мрежи

Ова се двaтa највисоки градежни објекти кои некогаш биле урнати во Индија, а уривањето на кулите со 850 ненаселени станови во близина на Њу Делхи граѓаните го следеле од околните покриви, јавува Танјуг.

645

Индиските власти денеска урнаа два незаконски изградени облакодери со висина од 103 метри во контролирана експлозија која траеше десет секунди.

 






 

Ова се двaтa највисоки градежни објекти кои некогаш биле урнати во Индија, а уривањето на кулите со 850 ненаселени станови во близина на Њу Делхи граѓаните го следеле од околните покриви, јавува Танјуг.

Илјадници луѓе денеска добија наредба да ги напуштат своите станови во предградието на главниот град на Индија, Њу Делхи, десет часа, пред да се урнат двата незаконски изградени облакодери.

Десетици полицајци и персонал за итни случаи беа распоредени за операцијата, која се очекува да трае до 15 секунди, на кулите високи 103 метри, во кои има 850 ненаселени станови, објави Ројтерс.

Поврзани содржини