МОЖЕЛ И ЦЕЛА ЗГРАДА ДА ЈА РАЗНЕСЕ Ѓорѓе од Смедерево користел индустриски експлозив за минирање

Во синоќешната експлозија беа употребени најмалку два килограми експлозив, а постои можност да се работи за три, вели криминологот Радованиќ за српски Блиц.

5,594

Експлозивите со кои Ѓорѓе А.(56) синоќа се разнесе себеси во станбена зграда во Смедерево и оштети три карта биле користени за мини, вели криминологот Добривоје Радованиќ за српски Блиц. Со таквиот индустриски експлозив тој можел да ја разнесе и целата зграда бидејќи ескплозив се користи за разнесување мермер или камења кога треба да се изгради бедем за патишта.

– Во синоќешната експлозија беа употребени најмалку два килограми експлозив, а постои можност да се работи за три – вели Радованиќ.






Делови од телото на Ѓорѓе беа пронајдени расфрални по улицата откако се случила експлозијата, а повредениот Никола П.(25) трајно ќе остане без видот на едното око. Неговата сестра Миљана има повеќе исеченици по телото.

Соседите на Ѓорѓе за српските медиуми раскажаа како тој три години не можел да наплати пари за сметки од своите потстанари кои ја смениле бравата и не го пуштале да влезе во сопствениот стан кој потоа, поради долговите, му бил одземен од извршители.

Поврзани содржини