МОЖЕБИ ЌЕ ЗЕМЕМЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ДУИ Зијадин Села вели дека в понеделник почнува процесот за формирање ново парламентарно мнозинство
Ќе земеме можеби и од ДУИ пратеници. Како и да е, од понеделник ќе започне процесот на собирање на доволен број пратеници и создавање на ново владино мнозинство, најави Зијадин Села, лидер на Алијанса на Албанците.
Коалициските партнери на Зоран Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне. Ние ќе создадеме ново мнозинство, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
– Немам контакт со Левица, ќе видиме. Ќе земеме можеби и од ДУИ пратеници. Како и да е, од понеделник ќе започне процесот на собирање на доволен број пратеници и создавање на ново владино мнозинство – најави Села.
Тој рече дека му е чудно кога гледа дека Зоран Заев е критичен кон него.
– Слушам и гледам дека Зоран Заев е доста критичен со мене последно време. Чудно, да. Чудно е затоа што таму каде што е сега, е со моја помош. Гледам со ДУИ сега се во добри односи. Лани беа противници, сега се заедно. Имаат коалиција со ДУИ за овие избори. И како одговор на тоа, ние направивме соработка со ВМРО-ДПМНЕ – вели Села.