МОЖЕ ЛИ ПОЛОШО ОД ОВА Фановите ја нападнаа Мадона поради објавата на Инстаграм (ФОТО)

Пејачката на својот инстаграм-профил споделила неколку фотографии кои го промовираат нејзиното контроверзно снимање за „В магазин“.

912

Поп-кралицата Мадона се најде на удар на критики поради објавата на Инстаграм, која нејзините следбеници ја нарекле „ужасна“. На фотографијата е гледа како ѝ држат нож под брадата.

Пејачката на својот инстаграм-профил споделила неколку фотографии кои го промовираат нејзиното контроверзно снимање за „В магазин“, а една од нив е со фотографот Стивен Клајн кој држи нож во раката.






Зборувајќи дека го завршиле снимањето „и покрај сите шанси“ со „речиси никаков буџет“, Мадона напишала: „Уметноста не е мртва ако имате сила да се борите за она во што верувате!“.

– Им благодарам на сите што нѐ поддржаа и спиеја на каучите и работеа втора смена бесплатно за да го поддржат „Мадам Икс“ – додала поп-иконата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Толку сум изморена од насилството врз жените и „уметноста која тоа го прикажува““, е еден од коментарите на Инстарам, додека другите ја окарактеризирале фотографија како „ужасна“.

Повикувајќи се на описот на фотографиите, некои истакнале дека и „плаќањето на уметниците е исто така под знак прашање“, за што рекле дека нејзиниот опис, со кој истакнува дека луѓето работат за неа бесплано во име на уметноста, претставува дефиниција на експлоатација.

Фото: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини