МОЖЕ ЛИ АХМЕТИ ДА СЕ СООЧИ СО ГЛАСОВИТЕ НА СЛОБОДНИТЕ АЛБАНЦИ КОИ НЕ МУ СЕ ПЛАШАТ? Вреди ѝ објасни на ДУИ кој е победник во првиот круг од локалните избори
Победите на Вреди во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и во Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и во Липково, реагира Вреди на прес-конференцијата на Али Ахмети.
После 5 дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“ и ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори, реагира коалицијата Вреди на прес-конференцијата на Али Ахмети на коа тој рече дека НАИ е победник во првиот круг од локалните избори.
„Ова е апсурдно. Победите на Вреди во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и во Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и во Липково. Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката“, соопшти Вреди.
Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт, се додава во соопштението
„А што се однесува до ветингот што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза“. Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша: Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него? Затоа што времето на Газиместан заврши. Вреди е сегашноста. ДУИ е минатото“, соопшти коалицијата Вреди.