📽 МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ОД САТЕЛИТ Израел започна офанзива на југот на Газа каде што пребегаа многу Палестинци
Снимките кои ги анализирал Асоишиејтед Прес(АП) е на компанијата „Planet Labs PBS“. На нив се гледа дека израелските оклопни транспортери се наоѓаат на само шест километри северно од центарот на Кан Јунис, главниот град во јужниот дел на Газа.
Израелската армија започна офанзива во јужниот дел на Газа, покажуваат сателитски снимки кои ги анализирала американската новинска агенција Асошиејтед Прес. Израелската армија започна тешки бомбардирања по минатонеделното примирје кое траеше некоклу дена.
Снимките кои ги анализирал Асоишиејтед Прес(АП) е на компанијата „Planet Labs PBS“. На нив се гледа дека израелските оклопни транспортери се наоѓаат на само шест километри северно од центарот на Кан Јунис, главниот град во јужниот дел на Газа.
Во Кан Јунис пребегаа многу Палестинци од северот. Израелската армија држи позиција западно од Салах ал-Дин, кој е главен коридор што ги врзува северот и југот на Појасот Газа.
Според АП на снимките има 150 оклопни транспортери, тенкови и други возила распоредени на четири локации.
Imagens de satélite obtidas pela BBC revelam a extensão da destruição em Gaza após o início da escalada do conflito com Israel em outubro: https://t.co/jS0VxTDTVX pic.twitter.com/qoA50t9mS5
— BBC News Brasil (@bbcbrasil) December 4, 2023
Газа се соочува со уште „попеколно сценарио“ доколку не се дозволи повеќе помош да влезе во енклавата, изјави хуманитарната координаторка на ОН за палестинска територија, Лин Хејстингс.
Таа рече дека сегашната сума на помош е недоволна и дека не постојат услови потребни за доставување помош во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.