MOЖЕ ДА СЕ ЛИЗНЕТЕ ВО ТИРАНИЈА… Дали папата му одговори на Трамп со писмото од Ватикан?

Папата во писмо предупреди дека денешените демократии во светот може да се претворат во тирании на мнозинството и злоупотреба на моќта. Многумина пораката ја читаат како индиректен одговор на критиките од претседателот на САД.

287

Демократиите можат лесно да се излизгаат во опасни форми на владеење, предупреди папата Лав Четиринаесетти. Изјавата доаѓа во момент на отворен судир на Папата со претседателот на САД Доналд Трамп.

Во писмо објавено од Ватикан, папата нагласи дека системот останува здрав само ако е втемелен на морални вредности.

„Без оваа основа, демократијата ризикува да стане тиранија на мнозинството или маска за доминација на економските и технолошките елити – порача папата велеќи дека моќта не смее да биде цел по себе“.

Текстот, објавен додека папата е на амбициозна 10-дневна турнеја низ четири африкански земји, не се осврнува директно на САД ниту именува конкретни демократии.

Лав нагласи дека легитимноста на власта не зависи од силата, туку од начинот на кој се користи. Тој ги повика лидерите ширум светот да избегнуваат концентрација на моќ и да покажат умереност.

„Моќта мора да биде насочена кон општото добро, а не кон самовозвишување“, стои во писмото.

Изјавата доаѓа по остри критики од претседателот на САД Доналд Трамп, кој го нарече папата „ужасен“. Вербалната реторика меѓу Лав и Трамп се зголеми откако Папата јавно ја критикуваше војната против Иран.

На 10 април Лав на Икс напиша:

„Бог не благословува никаков конфликт. Секој што е ученик на Христос, Кнезот на мирот, никогаш не е на страната на оние што некогаш го држеле мечот, а денес фрлаат бомби. Воената акција нема да создаде простор за слобода или време на #Мир, а мирот доаѓа само од трпеливото промовирање на коегзистенцијата и дијалогот меѓу народите“.

Трамп потоа изјави дека „некој треба да му каже на папата Лав“ за убиствата на демонстранти од страна на Иран и дека „Иран да има нуклеарна бомба е апсолутно неприфатливо“.

Трамп исто така го нарече Папата „слаб во криминалот“ и објави слика од себеси претставени како Исус. Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс подоцна запрашан за сликата изјави дека јавноста понекогаш не го сфаќа хуморот на Белата куќа.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран ја засилува тежината на пораките од Ватикан.

Поврзани содржини