🎥 МЕГАН МАРКЛ ВО „МАСТЕРШЕФ АВСТРАЛИЈА“ Хари се среќава со ветерани и добротворни организации, а војвотката од Сасекс гостува во популарната гастрономска емисија
Додека принцот Хари имаше самостојни настапи во Канбера и Мелбурн, војвотката од Сасекс се појави како гостин-судија во „МастерШеф Австралија“.
Во рамките на посетата на Австралија, Меган Маркл направи изненадување појавувајќи се на телевизија додека се снимаше кулинарската емисија „МастерШеф“. Принцот Хари пак имаше самостојни настапи во Канбера и Мелбурн, вклучувајќи ја посетата на добротворната организација „Мовембер“ на периферијата на Мелбурн и средбата со ветераните во австралискиот воен споменик во Канбера.
Познатата гурманка Меган се појави како гостин-судија во омиленото австралиско шоу за готвење, „МастерШеф Австралија“.
Таа беше ментор и водеше некои од домашните готвачи во Австралија, заедно со судиите По Линг Јеоу, Софија Левин и Жан-Кристоф Новели. Најновата сезона на шоуто започнува на 19 април.
И за време на нејзиното појавување, Меган продолжи со својата почит кон австралиските дизајнери, носејќи здолниште од Камила и Марк и блуза од Мато. Таа го комбинираше фустанот со високи потпетици од Маноло Бланик.
Официјалниот Инстаграм профил на MasterChef Australia ја сподели веста, пишувајќи:
– Да му посакаме добредојде на некој СУПЕР посебен во кујната на MasterChef. Меган, војвотката од Сасекс, се појавува како специјален гостин оваа сезона, враќајќи се во Австралија за прв пат од 2018 година. Придружувајќи се на ѕвездена постава од гостински судии и кулинарски икони, Меган помага во водењето на некои од најимпресивните домашни готвачи што натпреварот некогаш ги видел.
Појавувањето на војвотката од Сасекс доаѓа откако тогашниот принц Чарлс го посети снимањето на серијата во 2018 година заедно со сегашната кралица Камила.
View this post on Instagram
Инаку, Меган и принцот Хари, пристигнаа во Австралија на 14 април (локално време). Нивниот прв ден во Мелбурн вклучуваше посети на Кралската детска болница (која принцезата Дајана и тогашниот принц Чарлс ја посетија во 1985 година), средба со семејства на ветерани во Австралискиот национален музеј на уметности за ветерани и соло ангажман за Меган во засолниште за жени кои доживуваат семејно насилство, бездомништво и други поврзани предизвици.
Патувањето на Хари и Меган во Австралија ќе вклучува застанувања во Мелбурн, Канбера и Сиднеј, каде што ќе посетат организации и каузи блиски до нив, како што се менталното здравје, поддршката на ветераните, женските прашања и друго. Меган, исто така, ќе се придружи на ретритот „Girl’s Weekend“ организиран од подкастот Her Best Life.
Парот последен пат ја посети Австралија во октомври 2018 година. Непосредно пред да започне тоа патување, парот објави дека го очекува своето прво дете, принцот Арчи.