МОТОРОТ ПРОДОЛЖИЛ САМ И УДРИЛ ВО АВТОМОБИЛ!? Трагедија во Каменица, загина моторџија
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 20-годишниот И.К, кој на пат кон болница починал.
Mотоцикл „хонда”, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица вчера околу 11 часот на ул.„Каменичка” изгубил контрола и излетал од коловозот, по што моторот без возачот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(47) од Делчево, информира МВР во својот билтен.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал. Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.