МОТОЦИКЛИСТОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НЕМАЛ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И НЕМАЛ ТАБЛИЧКИ Обвинителството соопшти детали, поведена е истрага

Освен тоа, мотоциклистот управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

405

Скопјанецот кој со мотоцикл „кавасаки“ усмрти 68-годишник  возел преку површина наменета за движење на пешаци на улицата Јован Хаџи Константинов Џинот и не се придржувал кон прописите, соопшти Основното јавно обвинителство. За случајот обвинителството покрена истражна постапка.

„Осомничениот, на 1 јули управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата Јован Хаџи Константинов – Џинот. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот“, се вели во соопштението.






Од ОЈО велат дека пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, се додава во извештајот.

За осомничениот 25-годишен Скопјанец е побаран притвор од страна на јавен обвинител. Скопјанецот ќе одговара за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгод

„Фактот дека осомничениот веднаш по настанот избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен за органите на прогонот, за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода. Освен тоа, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело“, посочуваат од Основното јавно обвинителство.

 

Поврзани содржини