МОСКВА НЕ ГЛЕДА МОЖНОСТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО Ги обвинува САД и ЕУ за непринципиелност

Реакцијата на Западот на провокациите на Косово е бавна и непринципиелна, а тоа само го убедува Курти дека таквата тактика на крајот ќе донесе резултати, смета Кремљ.

285

Русија не гледа можност за долгорочно стабилизирање на ситуацијата на Косово, поради поттикнувачката политика на САД и Европската Унија, изјави рускиот заменик – министер за надворешни работи Александар Грушко.

– Нема изгледи за долгорочна стабилизација. Косовскиот лидер Курти, кој одржува тензии на теренот и ги протерува Србите, смета дека неговите шефови, Вашингтон и Брисел, дополнително ќе го зголемат притисокот врз Белград, барајќи признавање на регионот кој прогласи независност кршејќи ја резолуцијата 1244 на ОН – соопшти Грушко.






Според него, реакцијата на Западот на провокациите на Косово е бавна и непринципиелна, а тоа само го убедува Курти дека таквата тактика на крајот ќе донесе резултати.

Поврзани содржини