МОРТУС ПИЈАН КАВАДАРЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ Имал 3,13 промили алкохол во крвта
Секторот за внатрешни работи Велес соопшти дека 43-годишниот Т.С. имал 3,13 промили алкохол во крвта.
Кавадарчанец во длабока алкохолизирана состојба нападнал полициски службеници на улица Миле В’чков, додека извршувале службени дејствија.
Секторот за внатрешни работи Велес соопшти дека 43-годишниот Т.С. имал 3,13 промили алкохол во крвта.
„Лицето е приведено и задржано во полициска станица. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“.