Морничава снимка: Стадо овци стои во место со часови како да се хипнотизирани (ВИДЕО)
Стадо овци стојат замрзнати на нива како да се хипнотизирани во ова бизарно видео.
Моричавата сцена е снимена на фотоапаратот од Рори Дејвис (24), бидејќи тој и неговото семејство престојувале на одмор во Трутбек во „Лејк Дистрикт“ кон крајот на минатиот месец, објави „Мирор“.
Стадо овци стојат замрзнати на нива како да се хипнотизирани во ова бизарно видео.
Ужасната сцена беше снимена на фотоапаратот од личниот тренер Рори Дејвис (24) во минатиот месец.
Рори вели дека добил смс-порака од неговата мајка во 10 часот наутро и му рекла да ги погледне овците, но не размислувал многу за тоа до подоцна.
Се додека неговата девојката Емили еден час подоцна погледна низ прозорецот и забележала дека овците воопшто не се движат.
– Искрено не можев да верувам во моите очи! – вели Рори.
Неколку часа подоцна, тие сè уште стоеја точно на ист начин.
– Од моментот кога мајка ми ми испраати порака во 10 часот до моментот кога заминав за 13 часот, тие беа само замрзнати – додава тој.
– Кога се вратив неколку часа подоцна тој ден, сакав да ги пронајдам сите овци, но ги немаше – објаснува Рори.
– Живеам во село и никогаш досега не сум видел такво нешто – вели тој.
Не се знае точно зошто овците се однесувале на овој начин.
Сепак, теоретичарите на Интернет веруваат дека овците повремено ќе застанат кога има пороен дожд и тие стануваат влажни и студени.