Морничав тренд на плажите во Кина – за што служат чудните маски што жените ги носат на главата? (ВИДЕО)
Маската „фејскини“ е направена уште во 2004 година, а истата е дело на жена по име Жанг Шифан. Откако ја направила оваа необична маска, Шифан се прославила и ја напуштила работата како сметководител, а „фејскинито“ станало тренд во Кина.
Фотографиите од жени на плажа во Кина кои ја покриваат целата глава со маска, освен очите, устата и носот, го изненадија светот. Овие жени изгледаат многу необично, а станува збор за тренд кој доаѓа од Азија.
Ако девојките од Западот носат минијатурни бикини и се сончаат на плажите топлес или целосно голи, девојките во Кина сериозно ги слушаат советите на здравствените експерти кои велат да не се изложуваме на сонце во текот на денот.
Овие маски се нарекуваат „фејскини“, а жените ги носат за да си го заштитат лицето од штетните сончеви зраци.
Маската „фејскини“ е направена уште во 2004 година, а истата е дело на жена по име Жанг Шифан. Откако ја направила оваа необична маска, Шифан се прославила и ја напуштила работата како сметководител, а „фејскинито“ станало тренд во Кина.
Жанг тврди дека маските за глава се одлични бидејќи освен што ја штитат кожата од сончевите зраци, овозможуваат и заштита од инсекти, песок и медузи.
„Фејскини“ се изработува од истите материјали од кои се изработуваат и костимите за капење, а можат да се најдат во продажба во различни бои и дезени, по цена од 2 до 4 долари за поедноставните модели и помеѓу 16 и 24 долари за модели со впечатливи дезени.