МОРКОВ МОЖЕ, КЕЉ НИКАКО! Бебињата во мајчината утроба реагираат на мириси и вкусови

Бебињата во утробата реагираат на она што го јадат нивните мајки со правење гримаси кога вкусуваат или мирисаат кељ и со насмевка кога нивните мајки јадат моркови, откриле научниците од Универзитетот Дурхам во Англија користејќи 4D ултразвучни скенирања.

87

Нова студија на британски научници од Универзитетот Дурхам дава фасцинантен увид во развојот на сетилата кај бебињата додека се уште во утробата на нивните мајки. Користејќи напредни 4D ултразвучни скенирања, за прв пат се забележани изразените реакции на неродените бебиња на различни вкусови што ги консумираат нивните мајки, и тоа во реално време, пишува Здравје Хина.

Научниците ги набљудувале изразите на лицето на сто фетуси помеѓу 32-та и 36-та недела од бременоста откако нивните мајки консумирале капсули со прав од кељ или морков. Резултатите се јасни: бебињата изложени на вкусот на моркови често се „насмевнувале“, додека оние што вкусиле кељ реагирале со гримаси што личеле на плачење.






„Беше неверојатно да се набљудуваат овие изрази во живо и да се споделат со родителите. За прв пат можеме да видиме како бебињата реагираат на мириси и вкусови додека се уште во утробата“, рекла водителката на студијата, докторантката Бејза Устун.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини