🎥 МОРБИДЕН ФЕНОМЕН, НИЗ ТУРЦИЈА СЕ ОТВОРААТ ЏИНОВСКИ ДУПКИ! Само во регионот Коња ги има 648

Климатските промени и продолжената суша се сметаат за главни причинители за нивното драматично зголемување во последните 25 години.

337

Џиновски дупки, длабоки неколку десетици метри, се отвораат низ цела Турција, а особено е зафатена областа Коња, каде според статистиката ги има околу 650.

Климатските промени и продолжената суша се сметаат за главни причинители за нивното драматично зголемување во последните 25 години. Пред 2.000. година имало случаи да се отворат дупки во позвршината на земјата, но не повеќе од една на десетина години. Тоа драматично се сменило во последниве две децеении. Денес, секоја година се евидентираат десетици големи уривања, од кои некои се широки повеќе од 30 метри.






Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби пријави 648 масивни дупки во рамнината Коња, главно како резултат на силна суша и прекумерно испумпување на подземни води.

Некои луѓе го поврзуваат со масовните лизгања на земјиштето во рамнината Кони, главниот регион за одгледување пченица во Турција. Земјоделците кои пумпаат повеќе вода за да спасат култури како шеќерна репка и пченка ја влошуваат ситуацијата. Проблемот е предизвикан од опаѓање на нивото на подземните води, што ги суши бунарите, ги оптоварува екосистемите, ги намалува приносите и предизвикува слегнување на земјиштето.

Според Опсерваторијата за Земјата на НАСА, водните резервоари во Турција достигнаа најниско ниво во 2021 година.

Научниците предупредуваат дека слични ризици би можеле да се појават и во други делови од светот, вклучувајќи делови од САД, Азија, Блискиот Исток, Медитеранот и Австралија, каде што намалувањето на нивоата на подземните води им се заканува на заедниците и на екосистемите.

Фото: Принтскрин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AccuWeather (@accuweather)

Поврзани содржини