МОРАВ ДА ПИЈАМ ЧАЈ ЗА ДА СИ ГО ВРАТАМ ГЛАСОТ Ѓоковиќ бурно ја славел победата на српските фудбалери

Навистина се истрошив синоќа. Успеав подоцна да заспијам, но спиев многу кратко. Сепак, полн сум со енергија, изјавил Новак Ѓоковиќ.

1,084

Морав да пијам чај за да си го вратам гласот, изјавил најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, кој признал дека бурно ја славел вчерашната победа на српските фудбалери над репрезентацијата на Португалија.

– Не сум некој кој може мирно да ги следи настапите на нашите спортисти. Емотивно ги следам натпреварите, целосно сум вклучен. Навистина се истрошив синоќа. Успеав подоцна да заспијам, но спиев многу кратко. Сепак, полн сум со енергија – изјавил Ѓоковиќ.






Тој им честиташе на српските фудбалери за победата и порача дека сака да ги гледа во живо, а за изјавата дека можеби ќе стави крај на кариерата за две години, тој вели ека погрешно била протолкувана.

– Не, не. Не мислев така. Реков дека за неколку години ќе се пензионирам, ама на италијански јазик. Немам точен број и не сакам да си поставувам граници. Нема причина сега да размислувам за тоа кога ќе престанам да се занимавам со тенисот. Се грижам за своето тело и се надевам дека пензионирањето нема да се случи поради повреди – изјавил Ѓоковиќ.

Поврзани содржини