Познатата српска водителка Сузана Манчиќ покажа како изгледа нејзиното секојдневие во текот на вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот.
– Што правам? Пеглам! Што правев претходно? Ја миев косата сама! Нема фризер… Нема помош во домот, ја нема мојата Жаклина. Готвам, перам, пеглам, излегов од зоната на комфор. Што се мора, не ми е тешко – рекла Сузана за „Гранд“.
– Не излегувам без неопходна потреба. Евентуално да го прошетам кучето. Тоа е тоа. Бидете дисциплинирани, чувајте го својот живот и животот на своите најблиски – додала Манчиќ, покренувајќи лавина коментари на социјалните мрежи.
„Кутра ти, мора сама косата да ја измиеш, страшно“, „Навистина страда, мора сама да ја измие косата“, се само некои од пораките кои можеле да се пронајдат под оваа објава на Инстаграм.
View this post on Instagram