📷 МОРА ДА ОТВОРИМЕ НОВИ ПАЗАРИ ЗА КОМПАНИИТЕ Мицкоски учествуваше на првата сесија од Берлинскиот процес

Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша премиерот Христијан Мицкоски во врска со првата сесија од Берлинскиот процес посветена на економската соработка на Балканот.

323

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар. На Фејсбук премиерот напиша:

„Учествував во првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина“.






 

Поврзани содржини