МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА УПРОПАСТЕНОТО СКОПЈЕ Мицкоски најави работа, а не глумење политика

На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, премиерот најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво.

153

Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво.






-Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска – рече Мицкоски.

Премиерот најави дека  од секој градоначалник ќе бара отчетност и работа.

-Ќе воведеме јавни извештаи на секои три месеци – пред граѓаните, пред јавноста. Одговорноста пред граѓаните не е опција, таа е обврска. Направивме детални анализи, анкети, слушнавме илјадници граѓани и ги бележиме проблемите кои се провлекуваат во општините. Иако дел од нашите градоначалници влегуваат во втор мандати, ќе има промени во начинот на работа – ќе има нов пристап, поголема енергија, повеќе теренска работа и решавање на конкретни проблеми -рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини