„МОРА ДА ГИ ОСТАВИМЕ РУСИЈА И УКРАИНА САМИ ДА ЈА РЕШАТ ОВАА ВОЈНА“ Трамп наговестува дека САД ќе се повлечат од обидите за мировен договор

Нема капка што би ја прелила чашата. Понекогаш мора да ги оставите да се борат и тие се борат. Во овој момент мора да ги оставиме Русија и Украина сами да ја решат ова војна, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

1,774

Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да се повлечат од обидите да посредуваат меѓу Русија и Украина за крај на војната, најави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој, одговарајќи на прапања во претседателскиот авион „Ер форс уан“, рече дека засега не размислува да ѝ испрати на Украина ракети со долг дострел „томахавк“. Додаде дека во иднина може да го смени мислењето.






Новинарите го прашаа што би можело да биде „последната капка“ кога станува збор за одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, по што Вашингтон би можел да изврши посилен притисок врз Москва.

– Нема капка што би ја прелила чашата. Понекогаш мора да ги оставите да се борат и тие се борат. Во овој момент мора да ги оставиме Русија и Украина сами да ја решат ова војна. И ова е тешка војна за Путин, тој изгуби многу војници, можеби милион. И е тешко и за Украина. Тешко е за двете страни – рече Трамп.

Тој, исто така, коментираше во врска со плановите на ЕУ да користи замрзнати руски средства за поддршка на Украина.

– Тоа е прашање за Европејците. Јас не го правам тоа. Она што се случува е дека, претпоставувам, Европа и Русија водат разговори. Јас не сум вклучен во тие разговори – рече американскиот претседател.

ТРАМП НЕМА ДА ИСПРАТИ РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ ВО УКРАИНА „Воопшто не размислувам за тоа“

Поврзани содржини