МОНТИ ПАЈТОН НА СДСМ, ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА ВО 2023 ГОДИНА, СЕГА БАРА ДА СЕ ВРАТАТ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на амандманите за измените на Кривичниот законик

Со членот 353 од КЗ, СДСМ си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери кои се синоним за криминал и за корупција, а сега лицемерието оди дотаму, да поднесуваат амандмани да го врателе законот каков што бил пред 2023 година, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

464

Лицемерието и играњето со чувството на народот од страна на СДСМ одамна ја помина границата, глумењето дека до пред 1,5 година не беа на власт не им поминува, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на амандманите на СДСМ во Собранието со кои опозициската партија бара да се врати укинатиот член 353 во Кривичниот законик што СДСМ го укина додека беше на власт со измените во септември 2023 година.

„Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивно време. Па и оние кои ги укинаа.
Таков е и КЗ, односно членот 353, со кој си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери кои се синоним за криминал и корупција. Сега лицемерието оди дотаму, да поднесуваат амандмани да го врателе законот каков што бил пред 2023 година. Па, господа од СДСМ, кој го избриша тој член од законот? Токму вие! На граѓаните им е јасно кој води искрена, а кој лажна политика. Вакво лицемерие, ваква надменост и лоша визија одамна немало“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Новиот Кривичен законик, се додава, којшто ќе го донесе оваа година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во согласност со препораките на Канцеларијата на Европа и на Венецијанската комисија.

„Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска соопшти дека со амандмани бара со измените на Кривичниот законик да се врати членот 353 каков то беше од 2023 година.

„Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани во кои се земени предвид аргументите на експертите и на невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата. СДСМ бара менување на членот 353 за Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година“, соопшти СДСМ.

Со измените во 2023 година беше намалена казната за различните облици на кривичното дело од член 353, Злоупотреба на службена положба и овластување, од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор. Неше намалена казната и за кривичното дело од членот 394,  Злосторничко здружување од затворска казна до 10 години на казна до 3 години.

Поврзани содржини