Моника Белучи првпат јавно го прозва поранешниот сопруг: Се надевам дека ќе почне да се грижи ФОТО
Италијанската актерка Моника Белучи (55) која со години живее во Франција, во големото интервју признала што сѐ за време на карантинот мора да прави за своите две ќерки.
Во моментов таа се наоаѓа во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот, и вели дека таа е единствената која се грижи за своите ќерки Девa (15) и Леони (9), за нивното училиште и за секојдневниот живот.
Сите обврски околу децата таа ги извршува сама, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Венсан Касел (53), не е премногу заинтересиран за тоа.
Една од најубавите актерки на сите времиња живее со своите две ќерки во прекрасна куќа на француското крајбрежје. Таа рекла дека не може да оди на плажа, но дека слободното време го поминува во својата градина. Моника рекла дека нејзиниот свет се врти околу дневните обврски на ќерките.
Нејзиниот поранешен сопруг сега е среќно оженет со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е 30 години постар.
Тој неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на куќата на Моника.
Моника е тажна поради моменталната состојба бидејќи би сакала нејзиниот поранешен сопруг повеќе да се посвети на семејството, затоа што, според нејзините зборови, тој не се грижи доволно за заедничките ќерки.
– Се надевам дека Венсан ќе почне да се грижи за сето ова – рекла Моника во интервјуто, а тоа е нејзина прва забелешка и прозивање на неговата сметка во последните неколку години.
FOTO: Instagram/Printskrin