Моника Белучи е ремек-дело: Времето ништо не ѝ може ФОТО

2,251

Во специјалниот моден едиторијал на италијанскиот „Вог“, италијанската актерка Моника Белучи (56) глуми муза на млад скулптор, која изгледа како уметничко дело во раскошните креации на дизајнерското дуо Доменико Долче и Стефано Габана.

Кога ќе се спомене легендарната италијанска модна куќа „Долче и Габана“, многумина веднаш помислуваат на Моника Белучи, долгогодишното заштитно лице на овој моден бренд.






Убавата актерка, која многумина ја паметат по улогите во филмовите „Малена“ и „Стан“, низ годините сними бројни кампањи за облека, шминка и модни додатоци со потписот на оваа луксузна марка. А, во најновото издание на долгогодишната соработка, Белучи ги краси страниците на италијанското издание на „Вог“.

Имено, во специјалниот моден прилог „Алта мода“, посветен на модната куќа „Долче и Габана“, Белучи позира во раскошните креации на дизајнерското дуо, пред фотоапартот на Себастијан Фаен.

Фотографиите се направени во студио за скулптури, во кое и самата Белучи изгледа како уметничко ремек-дело.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини