МОН: Нострификација и евиденција на дипломи ќе се врши електронски

Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги.

1,092

Министерството за образование и наука информира дека електронски ќе се врши постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство.

„По електронски пат ќе се врши нострификацијата и еквиваленција на образовни квалификации стекнати во странство, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правните прописи како и плаќањето“, информира МОН.






Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.

 

Поврзани содржини