МОН: Немаше партиско гласање во училиштата

Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Министерството.

210

Министерството за образование и наука во врска со пласираните информации дека на партиски избори одржани во неделата се гласало во училишта оценува дека станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација.

„Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Министерството.






Таму е посочено дека Министерството за образование и наука работи согласно законот.

„Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес“, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука и се апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди.

Поврзани содржини