МОН: На ковид-19 се активни 76 ученици и 123 наставници

Министерството за образование и наука додава дека дневно ја следи состојбата со вирусот во училиштата со цел да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес.

179

Седумдесет и шест ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство се активни случаи на коронавирусот, согласно вчерашните извештаи од училиштата, информираат за МИА од Министетството за образование и наука.

– Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 процент активни случаи на ковид-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Доколку, пак, има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите – велат од МОН.






Министерството за образование и наука додава дека дневно ја следи состојбата со вирусот во училиштата со цел да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес.

Од Министерството посочуваат и дека наставата во основните и средните училишта се одвива согласно Планот и протоколите за организирање на учебната година одобрени од Комисијата за заштита на заразни болести и дека тие доследно се почитуваат и затоа овој модел на образование продолжува да се применува.

Поврзани содржини