🎥 МОМЕНТОТ КОГА ИРАНЦИЦИТЕ РАЗОРИЈА ТАНКЕР Силна експлозија, па голем пожар

Ирански бродови натоварени со експлози синоќа нападнаа два танкера за гориво во ирачките води во Персискиот Залив.

327

На социјалните мрежи е објавено видео од синоќешниот напад врз танкер во ирачките води.  На видеото се гледа моментот на експлозијата и голем пожар.

Ирански бродови натоварени со експлозив, според достапните информации, синоќа нападнаа два танкера за гориво во ирачките води во Персискиот Залив. Во еден од бродовите загина едно лице.






Станува збор за танкерот „Сафесиа Вишну“ кој плови под знаме на Маршалските Острови и за танкерот „Зефирос“ со знаме на Малта, изјавија двајца ирачки пристаништни службеници.


Трговскиот оператор на „Сејфси Вишну“ е со седиште во САД, а на „Зефирос“ во Грција.

Ирачките спасувачки екипи сè уште ги бараат исчезнатите членови на екипажот.

– Го извлековме телото на странски член на екипажот од водата – рече еден службеник за безбедност на пристаништето.

Фархан ал-Фартуси, директор на државната Генерална компанија за пристаништа на Ирак, за Ројтерс изјави дека спасувачките екипи успеале да извлечат голем број луѓе од бродовите.

– Брод на ирачките пристанишни власти спаси 25 членови на екипажот од два танкера, а пожарите на двата брода сè уште горат – рече ал-Фартуси.

Индиската амбасада во Багдад објави дека индиски член на екипажот кој работел на танкер во американска сопственост е убиен во нападот. Во објава на социјалната мрежа Икс, амбасадата наведе дека станува збор за танкерот „Сејфси Вишну“ и дека преостанатите 15 индиски членови на екипажот се евакуирани на безбедна локација.

ТАНКЕРИ ВО ПЛАМЕН, ЕДЕН МОРНАР ЗАГИНА Ескалација во Персискиот Залив, досега се нападнати најмалку 16 брода

Поврзани содржини