Момчиња шетале низ Скопје со нож на расклопување

485

НОСЕЛЕ НОЖ НА РАСКЛОПУВАЊЕ На 04.12.2020 во 13.50 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, при извршен преглед кај Ш.И.(20) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.12.2020 во 00.45 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, при извршен преглед кај А.Б.(23) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛА ПАЃАЈЌИ ОД ВЕЛОСИПЕД На 04.12.2020 во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Милан Зечар“,  Б.М.(70) од Скопје, управувајќи велосипед, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

СО ГОЛФ УДРИЛ ВО ВЕЛОСИПЕДИСТ На 04.12.2020 во 17.20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Рокомија“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арачиново, скопско,  удрило во велосипед,  управуван од Ќ.И.(54) од Скопје.  Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ГИ КАСНАЛО КУЧЕ На 04.12.2020 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(22) од Скопје  пријавил дека во парк-шума Гази Баба бил каснат од куче скитник.

На 04.12.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Т.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.

 

 

 

Поврзани содржини